Минусни температури среде пролет – штипјани во страв за своите цвеќиња, до Благовец ќе ги чуваат во визба

Минусни температури среде пролет – штипјани во страв за своите цвеќиња. Наместо во дворовите и терасите, многумина ги чуваат на топло – барем до Благовец.

Најавените минусни утрински температури во наредните денови предизвикаа градинарите да бидат претпазливи и да не ги вадат цвеќињата од подрумите и визбите. Иако календарски веќе започна сезоната за уредување на дворовите и терасите, временските прилики годинава ги менуваат навиките.

Граѓаните велат – рано е, ризике . Дел од нив се сеќаваат дека и лани студот ги оштетил растенијата, па сега не сакаат да брзаат.Искуството, велат, покажало дека едно студено утро е доволно за да ги оштети младите листови и цветовите.

По изнесувањето, цвеќињата бараат и дополнителна грижа – чистење на старите лисја, обработка на земјата, пресадување и редовно наводнување. Граѓаните додаваат дека е неопходно и прихранување со соодветни препарати, како и внимателен избор на место каде ќе бидат поставени.


Иван Митев, М-Нет