Од утре дожд, студ и снег на повисоките места, се очекува пресврт во времето

Од утре дожд, студ и снег на повисоките места, пресврт на времето во екот на пролетта. Ваквите нетипични промени за месец март се како резултат на продор на многу студена воздушна маса која се очекува да пристигне од север кон југ и југоисточна Европа. Во петок се очекуваат и пообилни врнежи од дожд кои ќе бидат придружени со грмежи, на повисоките места, а се очекуваат и врнежи од снег.

„Утре ќе дува умерен до засилен ветер кој што на места ќе биде повремено силен од јужен правец. За утре се очекуваат максимални температури до 21 степен. Заладувањето е од петок кога ќе дува северен ветер и под влијание на циклонска активност ќе услови време на нестабилно и постудено време со локални врнежи од дожд. Пообилни ќе бидат врнежите во петок кога ќе има услови и за појава на ретки грмежи поради продор на постудена воздушна маса на планините и на некој од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Оваа нестабилност ќе биде до крајот на неделата, петок, сабота и недела. “ -Изјави Марија Цветковска Атанасова

Ваквото време се очекува до крајот на неделата, а од понеделник се очекува стабилизирање на времето.

Овој ненадеен пресврт ќе донесе студен викенд, со снег, со грмежи и пообилни врнежи. Сепак, природата брзо ќе се врати во пролетен ритам, па од понеделник повторно следува смирување и потопло време.

Иван Митев М-Нет