
Борбата за првото место во Втора лига продолжува и натаму, од коло во коло притисокот кај водечките екипи е се поголем, бидејќи само првото место води директно кон елитата.
Охрид, Шкендија Арачиново, Скопје и Брегалница, а од сенка и Беласица ја водат таа борба.
Викендот се играат две дерби пресметки меѓу конкурентите, а најлесна задача од нив ќе има само Скопје, бидејќи „пиратите“ од Автокоманда ќе гостуваат кај Вардар Неготино.
Шкендија Арачиново на домашен терен ќе се соочи со Беласица директен дуел на два претенденти за Прва лига, а дербито на колото под рефлектори се игра во Штип меѓу Брегалница и лидерот Охрид.
Скопје доколку ги освои трите бодови во Неготино ќе чека на киксови на конкурентите тогаш „пиратите“ ќе дојдат во ситуација да бидат на врвот со 50 бодови ако Охрид загуби во Штип, а Беласица ги освои бодови со тимот од Арачиново.
Ако Шкендија Арачиново слави, а пак Охрид загуби тогаш тимот од Брегалница, тогаш екипата на Берат Имери би била прва на табелата.
Може и Брегалница да се израмни на врвот со 49 бодови со Охрид, но покрај тоа што „сините“ ќе треба да ги добијат „рибарите“, ќе треба Шкендија Арачиново да загуби од Беласица, а Скопје да има пораз или реми со Вардар Неготино што ќе биде тешко.
Како и да е многу математики има, но и повеќе комбинации во сабота Втора лига да добие нов лидер. Охрид го избра потешкиот пат за влез во Прва лига особено по поразот од Осогово во Кочани.
Дербито меѓу Брегланица и Охрид се игра на Градскиот стадион во Штип под рефлектори од 18 часот, влезот е слободен, а дербито ќе можете да го следите во ЖИВО и на М Нет телевизија.
Александар Ванев, М-Нет