
Екипата на ГФК Тиквеш забележа убедлива победа над ФК Брера со 6:1 во рамките на денешното коло од Прва македонска фудбалска лига.
Домашниот тим уште во првото полувреме го наметна својот ритам и обезбеди висока предност од 4:1, практично решавајќи го прашањето околу победникот. Во вториот дел, Тиквеш само ја потврди доминацијата и ја наполни мрежата на гостите до конечни 6:1.
Најрасположен на теренот беше Стојанов кој постигна два погодоци, додека во листата на стрелци се запишаа и Тасев, Стојкоски и Стојчев, а еден гол беше дело на автогол на противникот.