Околу петмина пациенти од пожарот во Кочани, доагаат на рехабилитација во КБ Штип, по една година борбата се уште трае

Околу петмина повредени од пожарот во кочанската дискотетка Пулс, доагаат на рехабилитација во КБ Штип, додека оголем број се лекуваат во општата болница Кочани. И по една година, борбата за закрепнување се уште трае. Како што истакна раководителот на одделенот за физикална терпанија во Штип, д-р Николчо Костадинов, дел од пациентите успеале да се вратат во нормален живот, но за други последиците се долготрајни. Најчесто повредите се тешки изгореници на рацете, вратот и главата, кои бараат месеци, па и години терапија. Костадинов останува дециден, дека процесот на опоравување кај дел од пациентите ќе потрае уште.

,,Ние бевме од првиот ден по мината обука со британските експерти. Започнавме со рехабилитација на повредените. Истата беше со индивидуален пристап т.е секој пациент имаше физеотерапефт и беше под надзор на лекар специјалист по физикална медицина. Денесека уште имаме пациенти, повредени од дискотетката во Кочани, кои се на активна рехабилитација и имаме пациенти кои што се под надзор. Голем дел од пациентите се вратени целосно во нормален живот и нормално функционирање, но за жал дел пациенти се уште се во процес на рехабилитација и тој процес ќе потрае. Во почетокот мавме над 180 пациенти кои беа повредени, со различен тип на повреди најчесто се работеше за повреди и изгореници на шаките, на вратот, на главата. Сега во моментот во КБ Штип повремено доаѓаат од три до пет пациенти, додека во општата болница Кочани пациентите се многу повеќе.“, вели Костадинов

Една година по трагедијата, д-р Костадинов вели трагедијата и за нив претставувала шок. Истакна дека како медицински лица, се справиле многу добро, благодарение на обуките од британските експерти и добрата соработка со пациентите. Кажа дека психолошката поддршка исто дала придонес за резултатот, кој според него е заслуга на пациентите.

,,Во почетокот ова беше и за нас шок, но со текот на времето работевме со исклучителни пациенти, пациенти млади, кои имаат желба за живот. Лица кои одлично соработуваа во рехабилитиационот процес и затоа резултати не се препишуваат на нас, туку на самите пациенти. Паралелно со процесот на физичка рехабилитација течеше и процес на психолошка помош на сите пациенти, како во нашта институција, така и во центарот за рехабилитација на Пониква. Имавме секојдна поддршка од специјалисти психитри и соодвето психолози.“, додава Костадинов

Како што дополнително посочи Костадинов, во почетокот во Штип имало над 180 пациенти повредени од пожарот, а најчестите повреди биле на рацете и главата. Вели дека тие како физијатри при КБ Штип имале искуства со изгореници, меѓутоа порано случаите биле по мали и од различен тип, за разлика од лани, кога имало масовен број пациенти со тешки изгореници.

Иван Митев, М-Нет