
Карате клубот Штип предводен од тренерите браќата Жарко и Сашко Арсовски учествуваше на Меѓународниот карате турнир „Гранд при Македонија“ во организација на карате клубот Кизаме во салата „Јане Сандански“ во Скопје.
Штипјани се вратија со освоени златни медали, како и сребрени и бронзени, а овој турнир беше повеќе како тест за следните предизвици. Први места освоија Љупче Михајлов, Драгана Ефтимовска, Марко Џорлев, Божидар Зафиров, второ место освои Душица Бреслиева.
Арсов во изјава за М Нет телевизија истакна дека не се задоволни од судењето на овој турнир, а кое имало големо влијание.
Овој турнир послужи како проверка за следните предизвици кои ќе ги има клубот од градот под Исарот.
Пред штипскиот клуб најбрзо што следува ќе биде учеството на Државното првенство кое ќе се одржи на 4 април годинава.
Александар Ванев, М-Нет