Една година по трагедијата во Кочани – конференција за одговорност и лекции од пожарот, ќе присуствуваат 37 странски лекари

Една година по пожарот во Кочани, институциите ќе прават сеопфатна анализа на одговорот на трагедијата. На 14 март ќе се одржи меѓународна конференција посветена на институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот. На настанот ќе учествуваат претставници на институции, здравствени експерти, меѓународни организации и хуманитарни партнери. Посебна тежина ќе има присуството на 37 странски лекари и медицински експерти кои директно учествувале во лекувањето на пациентите во најтешките денови по трагедијата. Според портпаролот на Влада на Македонија Марија Митева, целта е од искуството да се извлечат поуки и да се изгради посилен систем подготвен за идни кризни ситуации.

,,Целта не е само да сеќавање. Целта е да покажеме одговорност и да создавање сиситем кој што ќе биде уште посилен, поорганизиран и подготвен да одговори на кризни ситуации. Токму затоа сака да ја информиран јавноста за организирањето на мегународната конференција. Институционални и клинички аспекти и решенија по пожарот во Кочани една година по тоа, која ќе се одржи на 14 март и ќе обедини претставници на институциите, здравствени експерти, мегународни организации, хуманитарни партнери. Конференцијата има за цел да се направи една сеопфатна анализа на одговорот на трагедијата, одпрвична интервенција и спасување животи до долгорочниот третман, рехабилитацијата и системските решенија за иднината. Посебна вредност на оваа конференција е присуството на 37 лекари и медицински експерти од странство, кои во најтешкиот денови по трагедијата во Кочани дирекно учествуваа во лекувањето на пациентите.“, рече Митева

Настанот ќе започне со свечено институционално отворање, по кое ќе следи комеморација, истака Митева, дополнително истакнувајќи дека посебно внимание ќе биде посветено на долгорочното следење и подобрување на квалитетот на животот на преживеаните.

,,Нашето присуство на оваа конференција претставува можност искуствата од заедничката работа да се претворат во знаења, протокои, но и системски решенија кои ќе придонесат за поголема подготвеност на здравствени системи во иднина. Настанот ќе започне со свечено институционално отворање, по кое ќе следи и комеморативен момент, како потсетик дека зад секоја трагедија, стојат човечки приказни. Во рамки на конференцијата ќе се оддржат и повеќе тематиски панели посветени на повеќе аспекти. Посебно внимание ќе биде посветено на долгорочното следење и подобрување на квалитетот на живот на преживеаните. Ќе зборуваме како од искуство се стигнува до нови решенија.“, додаде Митева

По повод годишнината од трагедијата во дискотетката Пулс, настани дополнително се предвидени во Кочани, Штип и Виница. Тридневна програма се очекува во Кочани, почнувајки од 14 март и завршувајки на 16 март на самиот ден, кога минатата година се случи немилиот настан. Во Штип се одбележувањето се одржи на 16 март, понеделник на градскиот плоштад, каде ќе се постави и камен темелникот за изградба на споменик на петте жртвите од Штип. Одбележување слично ќе има и во Виница.

Иван Митев, М-Нет