
Фудбалерките на Кочани претрпеа висок пораз на домашен терен од екипата на Тиверија Брера, откако во рамки на 17. коло на Првата женска фудбалска лига загубија со резултат од 0:6.
Повеќе од јасно беше дека струмичкиот тим кој беше голем фаворит лесно ќе ја оправда фаворитската улога и дома ќе се врати со три бодови на своето конто.
Пет погодоци беа постигнати во Македонска Каменица, откако екипата на Каменица Саса со убедливи 5:0 го декласираше Топ Гол од Битола. Сосема очекувана беше и оваа победа за „рударките“ кои на домашен терен лесно ја оправдаа апсолутната фаворитска улога.
Вардар го добие соочување со Речица со 3:1, ова беше соочувањето на две екипи во битката за седмата позиција на табелата. Лидерот Скопје го доби дербито на Пржино со 0:3 против Истатов.
Натпреварот во Струга не се доигра откако шампионот Љуботен го напушти мечот со Ас Јунајтед во 74. минута на резултат 0:0. Тимот од Тетово се одлучи да го напушти мечот по два поништени гола во 67. минута и 74. минута.
Се отвара работа натпреварувачката женска комисија, а потоа сигурно работа ќе има и дисциплинската комисија. Овој меч Ас Јунајтед ќе го добие со службени три бода, а потоа ќе има работа и дисциплинската работа по што ќе се чека конечна одлука.
Во однос на самата табела Скопје е лидер со 48 бодови има дури осум повеќе од шампионот Љуботен, кој сега е втор, додека пак на делба на третото место со по 33 бодови се Каменица Саса и Тиверија Брера. Екипата на Истатов сега е на петтото место со 32 бодови, а пак Ас Јунајтед е шести со 30 бодови (вклучително и трите службени од мечот со Љуботен).
Вардар сега е сигурен на седмата позиција со 14 бодови, а сигурно делува и Речица како осма со 11 бодови.
Битката за опстнаок ја водат Топ Гол кој е деветти претпоследен во бараж зоната со четири бодови, а пак Кочани е на дното исто така со четири бодови, во зона која води директно кон Втора лига.
Во текот на овој месец ќе стартува пролетната полусезона и во Втората женската фудбалска лига, каде Конзули е непоразен лидер и ќе се враќа во Прва лига, а пак Билјанини Извори ќе оди кон бараж за влез во Прва лига.
Александар Внаев, М-Нет