
Пред најавеното вечерашно поскапување на горивата во Македонија, на бензинските пумпи низ Штип денеска се забележува зголемена фреквенција на возила, а многу граѓани брзаат да наполнат гориво по старите цени.
Како што е најавено, од полноќ цената на дизел горивото ќе се зголеми за дури 14,5 денари по литар, додека бензинот ќе поскапи за околу 5 денари. Токму поради тоа, бројни возачи одлучија денеска да ги наполнат резервоарите, за да избегнат повисоки трошоци од утре.
На дел од бензинските пумпи се забележуваат и редици, а освен во резервоарите на возилата, дел од граѓаните полнат гориво и во туби, со цел да направат дополнителна залиха пред стапувањето на сила на новите цени.