Со положување цвеќе и комеморативна програма, денеска се одбележа 83 години од депортацијата на Евреитe во Штип

Со положување цвеќе, комеморативна програма и посета на евриските гробишта, денеска се одбележа 83 години од депортацијата на Евреит во Штип. На настанот присуствуваа претставниците на општината, Владата, на еврејската заедница, претставници на политички партии и здруженија, кои оддадоа почит пред споменикот на депортираните Евреи во центарот на градот. Општината секоја година им оддава почит на 7144 евреи кои беа депортирани, однесени во логорот на смртта Треблинка.

Oд евриската заедница на Македонија, велат дека се уште има живи сведоци, кои како што велат не се многу на број, но се доволни за да ја споделат тежината, која што ја поминале за тоа време.

Инаку депортацијата на Евреите од Македонија претставува настан од Втората светска војна организиран од владите на фашистичка Бугарија и нацистичка Германија, со цел систематска елиминација на еврејското население од т.н. „новоослободени територии“ од страна на бугарската власт.

Иван Митев, М-Нет