
Екипата на БВК Коњаре продолжува со одличните настапи во Третата лига Север, откако на домашен терен славеше убедлива победа од 4:2 против тимот на Фортуна.
Домаќините одиграа ефикасен натпревар и уште еднаш покажаа дека оваа сезона имаат сериозни амбиции во шампионатот. Стрелци на головите за БВК Коњаре беа Никола Павлевски, Руфат Чилафи кој постигна два погодоци, како и Бејтула Авдулаи.
Со оваа победа тимот од Коњаре останува во трката за врвот на табелата, а во клубот отворено се надеваат дека ќе стигнат до бараж позиција која води кон пласман во Втората македонска лига.
Од таборот на БВК Коњаре по натпреварот истакнуваат дека победата е резултат на добрата работа и тимскиот дух, но и дека фокусот останува на следните предизвици до крајот на сезоната.