
Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на плеј-оф натпреварот меѓу Данска и Македонија за пласман на Светското првенство кој се игра на 26 март во Копенхаген.
Европската фудбалска Асоцијација го одреди за главен судија на натпреварот германецот Феликс Цвајер, а негови асистенти ќе бидат Роберт Кемптер и Кристијан Диц, исто така од Германија, додека пак четврт судија ќе биде Даниел Шлагер.
Во ВАР собата ќе биде Бастијан Данкерт како главен ВАР судија и Саша Штегеман како АВАР. Судиски контролор на средбата е Вилијам Јанг од Шкотска, додека делегат на натпреварот е Жоао Мораиш од Португалија.
Натпреварот ќе се игра на стадионот „Паркен“.
Александар Ванев, М-Нет