
Комеморација посветена на проф. Д-р Тодор Делиперов денеска се одржа на факултетот за природни и технички науки при УГД во Штип. На истаа присуствуваа претставниците на универзитетот, професори, блиски роднини, пријатели и семејството на Делипеторв, кои со едноминутен молк и длабоки сеќавања одадоа длабока почит на него. Делипетров останува во нивните срца како човек кој оставил големи и значајни дела и во универзитеотот и надвор од него.
Деканот на факултет Ѓорги Димов вели дека, тој ќе се потруди да биде наследник на проф. Делипетров, со сите позитвни особини кои што тој ги имал и ги презентирал секогаш.
Инаку, професорот Тодор Делипетров е роден во 1951 година, а почина на 3 јануари 2026 година. Тој останува значајна личност во општеството и во УГД
Иван Митев, М-Нет