Од оваа година матурантите ќе полагаат три различни видови матура – државна, државна стручна и државна уметничка

Од оваа година матурантите ќе полагаат три различни видови матура – државна, државна стручна и државна уметничка матура. Наместо досегашниот единствен модел, сега завршувањето на средното образование се прилагодува според насоката што ја избрале учениците. Пријавувањето заврши во декември, а во тек е финалната верификација на податоците. Целта како што посочуваат од ДИЦ е поорганизиран и прилагоден на потребите на матурантите.

,,Од оваа година за државната матура имаме видови испите на крајот од средното образование, што значи дека немаме само државна матура, туку имаме државна стрчна и државна уметничка матура. Учениците беа информирани, ДИЦ има изготвено водич за матурантите и тоа одделно водич за матурантите и тоа одделно водич за државна матура, за државна стручна и државна уметничка. Во рамките на водичот дадени се сите оние работи кои што ние ги имаме ставено во концепцијата, но скратени бидејќи знаете, 40,50 страници немаме трпение многу. Така што тука ученикот конкретно тоа што го интересира, сите оние прашања на кој што нема одговор, може да ги најде во водичот. Учениците согласно тоа во соработка со нивните класни раквоодители, директорите, училишните матурски комсии си се пријавија до месец декември. Нивното пријавување потоа помина низ процес верификација. Верификацијата ја завршуваме и се подготвуваме за конечна подготвка на она што ке ни следува.“,рече Јовчевска Михајловска

Учениците кои што завршѕваат гиманзиско образование, директорката Јовчевска Михајловска вели ќе мора да полагаат државна матура, додека останатите ќе можат да избираат дали државна или пак нивната струрчна или уметничка.

,,Учениците кои што завршуваат гиманзиско образование ќе мора да полагааат државна матура, додека пак учениците од стручните училишта имаа можност да бират дали сакаат државна или пак стручна. Се е право на избор. Учениците кои ќе полагаат државна матура ќе имаат прооднос на сите високообразовни институции.“, додава таа

Според Јовчевска Михајловска, матурите ќе донесат олеснување пред се кај учениците, а потоа и кај настанвиците. Вели дека сега учениците во стручните и уметнички училиште ќе можат да полагаат согласно нивните стручни знаења.

Иван Митев, М-Нет