,,Врие“ од народ на последниот петок од февруари на пазарот во Штип, спанаќот најбаран

Градскиот пазар вриеше од народ на последниот петок од февруари во Штип. Сончевото време ги извади граѓаните уште од раните утрински часови. Торбите брзо се полнеа со свежи производи, а најбарани беа зелената салата и спанаќот. На тезгите раздвиженост и гласна пазарска атмосфера. Со насмевки и полни кеси, штипјани го испратија февруари во пролетен дух.

Продавачите на пазарот велат цените се идентични како и претходниот петок, а најмногу побарувачка имаше на зеланата салата, спанаќот, портокалите и кивите.

Инаку, овој петок дополнително се продаваше свежи јајца, речиси на секоја тезга, домашно кравјо млеко, мед, многу домашни зачини за во кујна и домашни изработени земјени садови.

Иван Митев, М-Нет