
Течат подготовките за одбележувањето на традиционалниот обичај Чет’рсе во Штип, најaвена богата музичко-забавна програма. Со литературни читања, музика, настапи на локални бендови и гости од други градови, организаторите подготвуваат целодневен настан за сите генерации граѓани. Централните случувања се планирани во Домот на млади, во зависност од временските услови. Тенденцијата е велат организаторите, Чет’рсе да прерасне во препознатлива културна манифестација што ќе го афирмира градот и традицијата
Организаторот Видан Лазарев остана дециден пред нашите камери дека од година во година празникот станува вистинска традиција. Со помош на општината, вели истиот добива поголема афирмација.
Плановите во иднина се да има уште побогата програма и овој штипски обичај да биде воздигнат на повисоко ниво, па освен за штипјани програмата да примами и гости од страна.
Иван Митев, М-Нет