
Во близина на с.Крушица – светиниколско, утринава се запалил автобус во движење. Откако успеал да го сопре автобусот, возачот се обидел да го изгасне пожарот со противпожарен апарат, но не успеал во тоа. Автобусот запален продолжи да се движи по автопатот, по што се превртел покрај коловозот.

Од запалениот автобус се запалила и нискостеблеста шума која се наоѓала во близина.
На местото на несреќата се прави увид од страна на Полициската станица во Свети Николе, а пристигнало и противпожарно возило.

Нема повредени, бидејќи во автобусот немало патници.
Во текот на наредните денови ќе се врши истрага за причината поради која се запалил автобусот.
БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет.мк
Монтажа ДАРКО ДОНЕВ