Првото коло во плеј-офот на Суперлигата го носи дербито меѓу Алкалоид и Вардар

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет

Во Ракометната федерација на Македонија со ждрепка беа утврдени двојките за првото коло во плеј-офот односно плеј-аутот, а со тоа и распоредот до крајот од сезоната.

Во плеј-офот ќе се натпреваруваат Вардар, Еурфарм Пелистер, Охрид, Алкалоид, Тиквеш и Бутел, а пак во плеј-аутот ќе бидат екипите на Прилеп, Пролет, Еурофарм Пелистер 2, Куманово, Струга и Радовиш.

Ждрепката посака уште на самиот старт да има дерби во плеј-офот каде Алкалоид ќе се соочи со Вардар, Бутел ќе биде домаќин на Охрид, а пак Тиквеш ќе игра со Еурофарм Пелистер.

По првпат во ракометната елита на Македонија има дури четири израмнети екипи во трката за шампионската титула.

Во плеј-офот ќе се води тешка борба за шампионската титула и излез во Еврпа, додека пак во плеј-аутот ќе се разигрува за опстанок во Суперлигата.

Во плеј-аутот едно е јасно – Радовиш е прв кандидат за испаѓање, а пак Куманово и Струга ќе водат битка за да го избегнат бараж и да обезбедат директен опстанок. Пролет кој одлучи да се потпира на млади ракометари ќе биде сигурен во трката за опстанок, а пак Еурофамр Пелистер 2 и Прилеп ќе бидат пресилни во оваа конкуренција и без проблеми ќе доминираат во плеј-аутот.

Првото коло на плеј-аутот го носи токму дербито меѓу Куманово и Струга, Радовиш ќе биде домаќин на Прилеп, а пак Еурофарм Пелистер 2 ќе игра со Пролет.

Александар Ванев, М-Нет