
Македонска Каменица овој викенд ќе биде домаќин на завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ во женска конкуренција, во спортската сала „Кирил и Методиј“.
Малото рударско гратче овој викенд ќе пулсира во знакот на женска кошарка, најдобрите четири екипи веќе во сабота ќе се соочат во полуфиналето каде се води борба за влез во големото финале.
Првото полуфинале започнува во 15:00 часот каде домаќинот и организатор на завршницата на турнирот Баскет Кам ќе се соочи со МЗТ, а пак во 17:30 часот се игра мечот меѓу Крива Паланка и Бадел.
Победниците од натпреварите ќе се соочат во големото финале кое е закажан за недела од 18 часот.
Купот првпат се одигра во 1993 година, кога трофејот го освои Симекс Скопје во финалето со Ино Спектар. Од тогаш до денес се реализирани 33 изданија на Купот, освен во 2020 кога не се одигра. Најтрофеен е Вигор Скопје со девет титули освоени во период од 1996 до 2012 година, Кимико од Струга има четири последователни Куп титули освоени во период од 2003 до 2006 година.
Александар Ванев, М-Нет