Што ќе се случи со оние кои имаат забрана за управување на моторно возило, но самоволно не ја предале возачката

Се почесто возачи управуваат возила со забрана, потврдуваат од МВР. Од институциите информираат дека непочитување на законите, како и непредавање на возачките претставува сериозен прекршок кој дополнително може да биде казнет со додатни санкции. На прашањето: Што ќе се случи со оние кои имаат забрана за управување на моторно возило, но самоволно не ја предале возачката дозвола, од МВР за М-Нет телевизија велат ќе им се постапува по насоки од ЈО.

„Се известува Јавен обвинител дека е затекнат возач во јавен сообраќај со изречена правосилна судска одлука „Забрана за управување на моторно возило” и се постапува по насоки од ЈО.“ – велат од министерството.

Во изминатиот период во државата се забележани енормен број на пишани прекршочни казни. Досегашните санкции беа од паричен карактер и одземање на возачката дозвола во одреден период, но според новиот закон се диктира одземање на возилата на лицата кои не поседуваат возачка дозвола. Новиот закон предизвика револт кај дел од граѓаните кој резултирше со неколкудневни протести во различни подрачја од државата.

Иван Митев, М-Нет