Двојно засилување во Струмица: Шуку и Иљази потпишаа за Беласица


ФК Беласица официјално ги претстави своите нови засилувања во пресрет на новата сезона. Во плаво-белиот дрес ќе настапуваат Ерион Шуку и Бујар Иљази, двајца офанзивци од кои во Струмица очекуваат свежина и квалитет во нападот.
Ерион Шуку пристигнува од редовите на ФК Шкупи и важи за централен офанзивен играч кој може да креира, но и да завршува акции. Неговото доаѓање треба да донесе дополнителна креативност во средниот ред и поголема опасност кон противничките голови.
Нов член на Беласица е и крилниот фудбалер Бујар Иљази, кој доаѓа од ФК Шкендија Арачиново. Станува збор за динамичен играч по страна, кој со својата брзина и продорност може да направи разлика во офанзивната линија.