
Нема одложување на законот за пушењето цигари, следата недела финална верзија ќе се достави до Влада. Како што информираат од министерството за здравство, целта е јасна, да се спречи пушењето цигари кај младите и создавање генерации без никотинска завинсост, заштита на работниците и граѓаните од пушење во затворени јавни и работни простории. Законот ќе стапи на сила по неговото донесување согласно законските рокови.
„Потенцираме дека овие усогласувања не ја менуваат суштината на законот. Целите остануваат јасни и непроменети: спречување на започнување со пушење кај младите и создавање генерации без никотинска зависност, заштита на работниците и граѓаните од пасивно пушење во затворени јавни и работни простории. Во однос на наводите за „фазна имплементација“, појаснуваме дека тоа не значи одложување на неговата имплементација по усвојувањето во Собранието. Законот ќе стапи на сила по неговото донесување согласно законските рокови.“, велат од министерството за здравство
Дополнително од таму, посочуваат дека фазноста се однесува на начинот на примена во почетниот период, при што првата фаза ќе биде со засилен надзор, информирање и опомени. Целта е институциите, угостителите, и граѓаните да се адаптираат, да добијат јасни упатства и поддршка, а културата на почитување на правилата да се изгради одржливо на долг рок.
Иван Митев, М-Нет