
Фудбалската репрезентација на Македонија ги доби противниците во дебитантскиот настап во Б конкуренцијата од Лигата на нации. Нашата репрезентација ќе биде во групата Б1, а за противници ги имаме Шкотска, Швајцарија и Словенија.
Според календарот на УЕФА, натпреварите ќе се играат во септември, октомври и ноември, но за разлика од претходните години првите четири кола ќе се одиграат во десетина дена.
Во однос на останатите групите во Б2 се Унгарија, Украина, Грузија и Северна Ирска. Во групата Б3 се репрезентациите на Израел, Австрија, Република Ирска и Косово.
Во групат Б4 се репрезентациите на Полска, Босна и Херцеговина, Романија и Шведска.
Александар Ванев, М-Нет