Петре Чурлиновски најдобар спортски работник за 2025 година на Штип

На свечената манифестација на која беа прогласени најдобрите во спортот за 2025 година во општина Штип, искусниот тренер и селектор Петре Чурлиновски, ја доби плакетата за најдобра спортски работник.

Чурлиновски е долгогодишен боксерски тренер со повеќе од 50 години активна работа и значаен придонес во развојот на боксот во Штип и Македонија. Тренерската кариера ја започнал во далечната 1975 година, во боксерскиот клуб Младост од Штип, а како тренер на Баргала освојува 22 шампионски титули на Македонија, одека пак со Младост четири пати станува државен шампион.

Во 2025 година под негово водство, боксерскиот клуб Пинк Пантер од Штип го освојува второто место во младинската лига на Македонија, второ место и екипен трофеј на Меѓународниот турнир во Словенија, како и прво место екипна конкуренција на Опен Балкан лига Олимписки надежи во конкуренција од 62 клуба од шест држави.

Чурлиновски повеќе од 15 години е селектор на македонската боксерска репрезентација со освоени еден златен и два бронзени медали од Европското кадетско првенство во Битола одржано во далечната 1998 година, како и брозен медал на Европското сениорско првенство во Ливерпул во 2008 година.

Носител е на тренерската лиценца со две ѕвезди од Меѓународната боксерска асоцијација и Европската боксерска федерација.

Ова признание е како резултати на големите резултати кои ги постигна Чурлиновски, но и за неговиот голем придонес за штипскиот и македонскиот бокс.

Александар Ванев, М-Нет