
Второлигашот Брегалница од Штип ја закажа „генералката“ против Вардар Неготино како последен тест за проверка на формата пред стартот на пролетниот дел од сезоната.
„Сините“ на Влатко Костов последниот контролен натпревар ќе ги одиграа на Градскиот стадион во Неготино, кој е популарен како „Цвај арена“, а истиот е закажан за сабота.
Брегалница одработи квалитетни зимски подготовки, а подигањето на формата е одлично што се потврди преку веќе одиграните пријателски натпревари.
Брегалница пролетниот дел го отвара во Гевгелија против Кожуф, а пак Вардар Неготино ќе гостува кај Тетеск во рамки на 16. коло или првата пролетна рунда.
Александар Ванев, М-Нет