Клубовите активни и во последниот ден од трансфер пазарот – засилување кај Шкендија Арачиново, Арсими, Работнички и Македонинја ЃП!

ФОТО: ФК Арсими

Денес е последниот ден од трансфер пазарот во македонскиот фудбал, а прволигашите и второлигаши и во последните денови се активни на трансфер пазарот со цел подигање на квалитетот во своите редови за пролетниот дел од сезоната.

Второлигашот Шкендија Арачиново се засили со Џихан Адили, капитенот на Шкупи доаѓа во тимот на Љупчо Марковски – Калц со цел да помогне во остварувањето на целите, а тоа е влезот во Првата македонска фудбалска лига.

Адили кариерата ја започна токму во Шкупи, беше дел и од Кораб, Беласица, Кожуф и Брегалница од каде премина во Шкупи. Меѓународна кариерата градеше за косовскиот тим Дреница.

Последните денови од трансфер пазарот ги искористи и дебитантот во Прва лига, Арсими, кој ги промовираше Маркел Гони Ибаргурен и Арлинд Алити.

24-годишниот фудбалер го засилува средниот ред, кој во младинските категории бил дел од школата на Реал Сосиедад и настапувал за Ц тимот на баскискиот клуб. Има настапувано за повеќе екипи од Шпанија и за екипи од Кипар.

Арсими го врати и Алити, кој доаѓа во добра позната средина, а се враќа во македонскиот тим од косовскиот Велазерими. Низ неговата кариера настапуваше и за Воска Спорт, Шкендија Арачиново, Ренова и Струга Трим Лум, а во Косово настапуваше и за Фероникели.

Со враќањето на Алити, дебитантот во ПМФЛ добива искусно име во одбраната, а целта на Арсими ќе биде директен опстанок во елитата.

Две нови засилување има и кај Работнички се работи за Аритон Мехмеди и Џејсон Езеб. 18-годишниот Мехмеди е член на младинската репрезентација на Македонија до 19 години, потекнува од Шкупи. Езеб пак доаѓа од редовите на холандискиот Дордрехт, кој доаѓа на позајмица, има шведско државјаство со потекло од Нигерија.

Нови засилување има кај Македонија ЃП, нови „лавови“ се Стефан Лазаревиќ, кој се враќа во редовите на прволигашот од Ѓорче и Огузан Ајдоган.

Лазаревиќ низ неговата кариера беше дел од Гостивар, Тетекс, Борец, Вардар и Силекс.

Ајдоган пак има настапи во македонскиот фудбал за Башкими и Гостивар, а претходно има интернационална кариера во клубови од Германија и Турција.

Александар Ванев, М-Нет