
На свечената манифестација „Спортист на годината“ каде беа прогласените најдобрите во спортот за 2025 година во Штип, спортскиот судија Даниел Илијев го доби признанието најдобар спортски судија за претходната година.
Тој минатата година судел Европско првенство борење слободен стил, грчко-римски стил за помлади сениори до 23 години во Тирана Албанија. Европско првенство во борење слободен стил, грчко римски стил и жени до 17 години во Македонија.
Европско првенство во борење слободен стил и грчко римски стил и жени до 20 години во Италија. Државно првенство за сениори на Македонија, меѓународен турнир „Македонски бисер“ и уште многу други турнири и првенства.
Признанието кое го добива Илијев на свечената манифестација „Спортист на годината“ е потврда за неговиот квалитет, за големи резултати, а тоа ќе биде мотив и во текот на 2026 година, но и во иднина за уште поголеми домашни, но и меѓународни успеси како спортски судија.
Александар Ванев, М-Нет