
Училишна реална компанија ќе се отвори во регионалниот центар „Коле Нехтенин“ во Шти. Станува збор за компанија која ќе биде посебен правен субјект, ќе остварува приход за училиштето, а ќе биде и помош за компаниите со оглед на фактот дека ќе зема и ќе работи за нив. Директорката, Јованка Шалева, посочи дека ова ќе биде од големо значење и за училиштето и за учениците. Во меѓувреме во постапка е процесот на валидација.
„Ни требаше еден малку подолг период да ја направиме правната трансформација на училиштето, но сега веќе се насочивме и кон ценлите на регионалниот центар, направивме функционални анализи. Во постапка е процесот на валидација и се движиме во насока на отворање на училишна реална компанија. Тоа значи дека училиштето ќе има своја компанија која ќе биде посебен правен субјект која ќе остварува посебен приход, да ги понуди своите можности и да биде како еден вид помош на компаниите, да земе работа од нив, да сработи нешто и да биде во функција како посебен приход на училиштето“ – вели Шалева.
Сите активности се на самиот почеток, но се очекува од наесен оваа компанија да почене со работа, согласно вакви и слични примери во останати региони.
СОУ Коле Нехтенин прерасна во регионален центар за средно образование, еден од осумте во државата, а целта е подобро образование во корист на младите.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет