
Одбојкарите на Штип УГД го декласираа шампионот Струмица со фантастични 3-0 во сетови за радост и големо славје во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип.
Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, Штип УГД доминираше во текот на целиот натпревар. Првиот сет заврши со 25:19, а истиот резултат се повтори и во вториот сет со што практични шампионот Струмица при негатива од 2-0 во сетови веќе немаше силза за продолжението од натпреварот.
Во третиот сет Штип УГД ја потврди доминацијата освојувајќи го сетот со 25:16 за убедливи 3-0 во сетови.
Момците на Кристиан Ристески одиграа фантастичен натпревар, потврдувајќи ја одличната форма и амбициите за освјување на двојната круна што ќе биде уште еден голем историски успех за клубот.
Штип УГД ја брани Куп титулата, а ќе цели и кон освојување на шампионската титула, која ја брани Струмица, со што би била запрена доминацијата на струмичани, а со тоа започнува ерената на Штип УГД кој веќе доминира во македонската одбојка.
Штип УГД оваа сезона за првпат излез и на европската сцена, а големата победа над шампионот Струмица е силен мотив за продолжението од сезоната.
Александар Ванев, М-Нет