Пријателски натпревар на Осогово и Вардар со хуманитерен карактер за жртвите од трагедијата во Кочани

Второлигашот Осогово и прволигашот Вардар ќе одиграат пријателски натпревар во рамки на зимските подготовки, а кој меч ќе биде со хуманитарен карактер за жртвите од големата трагедија во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Натпреварот ќе се одигра на Градскиот стадион во Кочани, истиот е закажан за 7 февруари со почеток од 14 часот.

Како што истакнаа од кочанскиот второлигаш сите собрани средства ќе бидат наменети за изградба на спомен-обележје – како траен симбол на почит и сеќавање.

Овој натпревар ќе послужи и како последна проверка на Вардар пред почетокот на пролетниот дел од Првата лига, кој есенскиот шампион го отвара против Арсими. Од друга страна, Осогово ќе има можност да одигра пријателски меч со квалитетен противник за проверка на формата за пролетните предизвици во Втората лига, каде што „жетварите“ ќе целат кон директен опстанок.

Александар Ванев, М-Нет