
На 03.02.2026 во 00:10 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода К.П.(31) од Скопје. При сообраќајна контрола на бул.„Македонија“ во Делчево, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило.