
Градоначалникот Иван Јорданов оствари средби со родителите и наставниците во ООУ „Гоце Делчев“ во Штип. Наставниот кадар е со став дека не сакаат затворање на училиштето, ниту распределба по други образовани институции, вели Јорданов, додавајќи дека ќе ја почитува ваквата одлука. Но, дециден дека веќе на 1 септември на виделина ќе излезат низа проблеми, бидејќи во ова училиште има паралелки со помал број на ученици, проблем е сегрегацијата, како и непочитувањето на реонизацијата.
„Ние во септември ќе се соочиме со проблем, ќе се соочиме, но то а е колективна одлука на наставниот кадар во ООУ „Гоце Делчев“ и јас ќе ја почитувам. Дали ќе има паралелки со помал број на ученици – ќе има, дали нема да добијат согласност од МОН – нема да добијат. Ќе треба дечињата од овие паралелки да се префрлат во другите класови каде има услови за една паралелка. Дали ќе има потреба за десегрегација – ќе има, никој нема да дозволи од 1 септември во ООУ Гоце Делчев да има чисто ромски или чисто македонски паралелки.“ – вели Јорданов.
Во прва фаза нема да се затвори ООУ „Гоце Делчев“ и ќе се пристапи кон оптимизација на ресурсите дециден е Јорданов, а потоа ќе се одлучува за во иднина. Додава дека засега можни се две решенија.
„Има две оции, да се намали бројот на паралелки и наставниот кадар, да се реши сегрегацијата и да немаме проблем, или да се фузираат образованите институции и никој да не остане без работа односно да се ранционализираат ресурсите кои ги имаме во моментот.“ – додава Јорданов.
Во наредниот период Јорданов кажа дека останува во комуникација со сите релевантни чинители со цел да се најде најоптимално решение за ова основно училиште и да бидат надминати проблемите кои се појавуваат во моментот.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет