Најголем дел од работодавачите во 2025 година не исплатиле К-15 во агенциите за обезбедување и конфекциите

Најголем дел од работодавачите во 2025 година воопшто не исплатиле регрес за годишен одмор на своите вработени, ппосочуваат од „Гласен текстилец“ Штип. Ако претходните години се исплаќаше помала сума на К- 15, во сум од 100, 2000 или 6000 денари затоа што фирмите пријавиле дека работат со загуба, претходната година голем дел од работодавачите си дозволиле воопшто да не испалаќаат регрес за годишен одмор.

„2025 година најголем дел од работодавачите најголем дел од работодавачите се охрабрија да не исплатат воопшто К-15, што не е дозволиво според колективниот договор. Ако претходно имавме злоупотреби за помала исплата на К15, оваа година добар дел од нив се охрабриија воопшто да не исплатат. Има и такви каде работниците се стекнале со право на К15, но си дале отказ или слично и не им беше исплатено.“ – вели Ампева.

Праксата покажува дека и лани агенциите за обезбедување и чистење, како и текстилните компании се најпогодени и таму работниците најчесто не добиле к-15. Од „Гласен текстилец“ посочуваат дека и сега во моментот се преземаат мерки и активности од нивна страна да се помогне онаму каде има синдикати.

„Ја следиме состојбата, најголем дел од оние кои не исплатиле К-15 повторно се агенции за обезбедување, агенции за чистење, текстилни компании секако. Оние кои членуваат во гласен синдикат сите ја добија соодветната законска сума која беше предвидена до крајот на декември 2025 година, само во една од фирмите каде имаме синдикат се исплати помала сума за која моментално реагираме.“ – додава Ампева.

Исплатата на регрес за годишен одмор е еден од низата проблеми со кои се соочуваат вработените во текстилните компании во изминатиот период. Се затвораат конфекции, работници остануваа без плата и работа, и без можност да го добијат она што го заслужуваат.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет