Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип организираше онлајн меѓународна научна конференција

Со над 60 учесници од различни земји во светот, во организација на Правниот факултет при УГД Штип, денес онлајн беше одржана седмата меѓународна научна конференција на тема „Општествените промени во глобалниот свет“.

Конференцијата беше поделена на шест панели со повеќе теми, од кои еден беше посветен на млади истражувачи.

Станува збор за панели кој се однесува на мултидисциплинарно општество, односно опфаќа и право и политика, општествени и хуманитарни науки, исто така и медиуми и комуникации. Другите пет панели се поделени по области – едниот панел е панел право, другиот панел е кривично право, третиот панел е политика. Исто така сакам да напоменам дека оваа конференција ќе се води на три јазици, тоа е македонскиот, рускиот и англискиот, односно посебна сесија на руски јазик, во којашто ќе учествуваат професори од универзитетот „Санкт Петербур“ и исто така подсесија на млади истражувачи, кои се докторанти на тој универзитет– изјави доц. д-р Милица Шутова, професор на Правен Факултет при УГД Штип.

На тема поврзана со предизвиците со кои се соочија штипскиот универзитет и научните работници, во однос на реализацијата на наставата со појавата на пандемијата, на конференцијата свое излагање имаше деканката на Прваниот факултет при УГД, доц.д-р Олга Кошевалиска, која истакна дека на 1 април 2020 година на светско ниво, според статистика од УНЕСКО, за 1,5 билиони студенти и ученици прекинала наставата. Дел од конференцијата беше наменет за споделување искуства, практики и алатки  за да се излезе во пресрет и на студентите и на колегите, истакна доц. д-р Кошевалиска.   

-Во однос на наставата, првично ни беше интересно  да најдеме алатки да се најдеме во тој виртуелен простор, меѓутоа наидовме и на проблеми. Не беше толку забавен тој дел. Имаше проблеми во однос  на изнаоѓање адекватни начини за оценка на студентите, како да се процени нивното знаење. Одбрана на дипломски и министерски кои вообичаено сакаат свечена атмосфера, а тоа преку онлине платформите беше ускратено – потенцираше доц. д-р Кошевалиска.

На денес одржаната научна конференција, д-р Јорданка Галева, презентираше на тема поврзана со политиката, поточно за геополитичката положба на Македонија, во однос на одбрамбената политика и воените сили на Македонија, споредено со Израел и Сингапур. Споредбата на Македонија со овие две држави е поврзана со мултикултуралниот аспект, истакна д-р Јорданка Галева, која е професор на Правен Факултет при УГД.

Зошто токму оваа тема знаеме дека од неодамна Македонија пристапи кон НАТО Алијансата. Она што ме интересираше е како е уредено ова на одбрамбена политика и воени сили во овие две држави, Сингапур и Израел, кои на листата на воени сили котираат високо. Истражувајќи увидов дека овие држави имаат слични карактеристики, од самото конституирање  на државите. Тоа е мултикултуралниот аспект на населението, што најчесто мултикултуралните општества се најчесто конфликтни општества, меѓутоа во овие држави токму тој елемент се искористува за да се стане силна држава,

Кнкретно во сингапурскиот случај мултикултуралноста ја искористуваат за  да се направи еден заеднички сингапурски идентитет и воедно се применува една политика на тотална одбрана, каде што воениот сектор ја игра токму таа улога на соединување на нацијата во едно и применување на оваа одбрамбена политика. Израел, како што знаеме од самото конституирање има конфликтни односи со своите соседи, а во таа насока Македонија може да се спореди со конфликтите што ги имаше од самото настанување со Грција и се`уште отворен проблем со Бугарија. Нормално, не воени конфликти, меѓутоа политички и од оваа гледна точка, овие три држави и исто така местоположбата која игра многу во геополитичкиот контекст – изјави д-р Јорданка Галева.

Како географските фактори ќе влијаат врз донесувањето на одредени политики, и колку една држава е геополитички атрактивна, зависи од нејзината положба. Дали излегува на море, дали има пристап на меѓународни води, протоци и дали постојат енергетски ресурси, заклучува д-р Галева.

Во текот на конференцијата беа презентирани три видеоснимки од страна на профескорки од Италија и Франција, и професорот и претседател на Основен Суд во Кавадарци, проф. д-р Лазар Нанев, поврзани со извршување на работните активности во време на состојбата на пандемија.

Се очекува да биде издаден зборник кој ќе ги содржи излагањата на сите учесници во онлине конференцијата.

БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет.мк

Монтажа ДАРКО ДОНЕВ