
Македонската фудбалска женска репрезентација до 17 години и до 19 години ќе се подготвуваат во Струмица за квалификациите за Европското прнвество што ќе се одржи во април годинава.
Селекторот на женската репрезентација до 19 години, Кирил Изов го објави списокот со повикани фудбалерки за тренинг кампот во Струмица кој ќе се реализира во период од 1 до 5 февруари.
На голманската позиција ќе бидат Ангела Блажева и Илина Кировска, во одбраната ќе бидат Ангела Димчова, Михаела Додевска, Андреа Алексовска, Ања Головска, Искра Смилевска, Канита Емини и Александра Ристевска. Во средниот ред ќе бидат Антониа Спиркоска, Елена Симјонова, Тамара Нешковска, Никоца Трендова, Вања Ристиќ, Теодора Настова и Михаела Марковска.
Во нападот ќе бидат Стефанија Божинова, Јована Стојановска, Ана Боризоска, Ане Велковска, Емили Митковска, Јована Каралиоска и Јована Стојанова.
Репрезентацијата на Македонија до 19 години е дел од елитните квалификации за учество на континенталниот шампионат што ќе се одржат во периодот од 10 до 16 април, а противници ни се Норвешка, Шкотска и Австрија.
Исто така во Струмица ќе се одрж и тренинг кампот на репрезентацијата до 17 години, а селекторката Катерина Милеска ги повика голманките Ања Стојмиловска и Евгенија Вељановска.
Во одбраната ќе бидат Арба Мерко, Лина Мицовска, Ихдина Речи, Ема Нановска, Емилија Ивковиќ, Блехана Алиеска и Бесарта Фида. Во средниот ред се Тамара Лазеска, Ања Каранфилоска, Душица Лазареска, Елена Мацевска, Елиза Ибраими и Софија Величковска.
Во нападот се Елена Наумоска, Јана Милошевска, Христина Јовановска, Розита Пецева, Ана Марија Велевачкоска, Лана Спасовска и Лаила Бала.
Македонската репрезентација е домаќин на турнирот што ќе се одржи во Струмица во периодот од 28 февруари до шести март, а во конкуренција се националните тимови на Северна Ирска, Луксембург и Грузија.
Александар Ванев, М-Нет