
Советниците на Општина Штип дадоа зелено светло за планот за зајакнување на заштитата и безбедноста на граѓаните. Истиот е донесен согласно Законот за заштита и спасување и Законот за управување со кризи, како и Националната стратегија за намалување на ризици од катастрофи. Со него се предвидува зајакнување на организациските, кадровските и материјално-техничките капацитети. Целта е поефикасна превенција, побрз и навремен одговор при ризици, несреќи и кризни состојби.
,,Согласно законот за заштита и спасување, законот за управување со кризи, како и националната стратегија за намалување на ризици од катастрофи е донесен план за легитализација на системот за заштита и спасување. Планот е донесен се со цел унапредување на системот за заштита и спасување, преку зајакнување на организациските и кадровите материјално техничките капацитети, се со цел ефикасна превенција, спасување, навремен одговор при ризици и несреќи.“, вели Монева Николова
Во планот како што посочи Изабела Монева Николова од општината во самиот план се наведени сите цели, мерки и активности, како и финансиската рамка во делот на акцискиот план.
,,Во планот се наведени сите методи и цели на планот, мерки и активности, како и финансиска рамка во делот на акцискиот план.“, додава Монева Николова
Инаку, целта на ваквиот план е да има унапредување на системот за заштита и спасување, преку зајакнување на организациските и кадровите материјално технички капацитети.
Иван Митев, М-Нет