
Екипите од долниот дел на табелата во Суперлигата или практично екипи кои ќе се натпреваруваат во плеј-аутот одлучија да нема многу засилувања односно да им се дава шанса на младите ракометари од сопствените школи.
Ракометниот клуб Пролет од Скопје информираше дека Доне Мајнов е именуван за нов тренер, а притоа од клубот заминале Марко Мишевски, Стефан Јовевски и Марко Трајковски. Како што информираат од скопскиот суперлигаш клубот одлучил да не ангажира нови ракомевати зимава, односно одлуката е дека е вистински момент да им се даде шанса на дел од помладите играчи да се истакнат во сениорскиот ракомет.
Радовиш засега без официјални засилувања, клубот се раздели со тројца ракометари, а сега шанса ќе им дава на играчите од својата школа, односно во клубот уште кон крајот на есенскиот дел беа вклучени неколку млади ракометари, а сега тој број ќе се зголеми за пролетниот дел.
Струга исто така ќе дава шанса на играчи од својата школа, а клубот остана без Стефан Атансовски и голманот Александар Ѓурѓевиќ, а клубот го врати кружниот напаѓач Дарио Симоноски како ново засилување, а во тимот ќе се вклучат и помлади ракометари кои ќе добиваат шанса.
Покрај овие три екипи во плеј-аутот ќе настапи и Куманово, кој за нов тренер го доби Александар Радосављевиќ.
Во плеј-аутот исто така ќе бидат и двете екипи кои ќе извисат од место за плеј-оф.
Пролетниот дел од шампионатот започнува на 7 февруари, а ќе бидат одиграни уште четири кола од регуларниот, по што ќе се формира плеј-офот и плеј-аутот.
Александар Ванев, М-Нет