
Македонскиот тренер Емил Грнев и спортскиот работник Борче Постолов започнуваат ново интернационално поглавје во своите кариери, откако двајцата се веќе во Малта и според објавените фотографии на социјалните мрежи, стануваат дел од ФК Санта Лучија.
На фотографиите може да се видат Грнев и Постолов во клупски амбиент, што практично ги потврдува информациите дека двајцата штипјани имаат нов ангажман во малтешкиот клуб. Дополнително, Постолов на својот профил објави и порака „A new challenge – FC Santa Lucia“, со што индиректно ја најави новата средина.
За Емил Грнев ова претставува голем чекор во неговата меѓународна тренерска кариера, додека за Борче Постолов ова е нов предизвик на странска сцена, во лига која последниве години станува сè поатрактивна за балканските спортски работници.
Очекувањата се дека официјалната промоција од страна на клубот ќе следува во наредните денови, но според сè што може да се види од објавите и фотографиите – новата авантура во Малта за двајцата штипјани веќе е започната.