
Одрони по патиштата во Истокот, најкритично меѓу село Истибање и Македонска Каменица. Со врнежите од дожд одрони има и кон Делчево, од Берово кон Струмица како и Валадновско брдо. Екипите на Македонија пат се на терен и работат на расчистување на одроните, но апелот до возачите стои, да возат внимателно и со прилагодена брзина бидејќи одрони паѓаат непредвидено.
„Сега имаме мала проширување, имаме и од Берово кон Струмица одрони и во Валандовско брдо. Најкритично е меѓу Истибања и брана Калиманци или Македонска Каменица, до Делчево исто така. Моментално имаме две машини и повеќе возила кои се на терен. Интезивно се чисти, но одроните паѓаат неконтролирано веќе поради врнежите од дожд кои траат повеќе од 24 часа. Така да внимателно возење на сите возачи“ – вели Цоневски.
Засега ситуацијата се држи под контрола, но од Македонија пат повикуваат на трпение од страна на граѓаните, пред се возачите. Додаваат дека снег моментални има само на Пониква и на Голак.
Во меѓувреме од АД Водостопанство Брегалница Кочани уверуваат дека нема опасност од излевање на реките и покрај врнежите од дожд.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет