
Со натпреварите од осмата рунда беше отворен пролетниот дел во Аматерската кошаркарска лига која е трета по ранг на натпреварување. Во Виница се одигра натпреварот меѓу Винеам и Хераклеа, домашниот состав пред верната виничка публика доживеа пораз со резултат од 60:71.
Поразот за Винеам на домашен терен е изненадување, со оглед на тоа што во Виница тешко се стигна до бодови, па така битолчани доаѓаат до важен триумф со кој може да прогресират на табелата.
Ако во Виница се случи изненадување да загуби Винеам на домашен терен, изненадување имаше и на уште еден меч, каде лидерот Гевгелија го доживеа првиот сезонски пораз од екипата на ИБА Скопје со резултат од 78:71.
Конзули на домашен терен во Битола со убедливи 83:43 го декласираше Дибра Еаглс, додека пак Шар Планина со 96:71 славше над Чаир во меч кој се играше во Гостивар.
Гевгелија и натаму е лидер на табелата со 15 бодови, а пак Шар Планина се наоѓа на втората позиција со 14 бодови, додека пак ИБА Скопје е трет со 13 бодови.
На делба на четвртата позиција се Винеам и Хераклеа со по 12 бодови, Конзули е шести со 11 бодови, Чаир е седми со десет бодови, а пак Дибра Еаглс е на дното со девет бодови.
Александар Ванев, М-Нет