Општина Штип распиша јавен повик за доделување на материјална поддршка на спортските клубови, здруженија и институции

Општина Штип распиша јавен повик за доделување на материјална поддршка на спортските клубови, спортски здруженија и спортски институции кои извршуваат јавен интерес во спортот во општина Штип и спортски манифестации кои се одржуваат на територија на општина Штип.

Како услови кои се наведени во јавниот повик се годишна програма за работа и функционирање на спортски клуб односно спортското здружение, планот за реализација на проектот, програма и финансиски план за реализација на спортска манифестација или приредба.

Потоа, доказ за регистрирана дејност, решение за вршење дејност за професионални спортски клубови, копија од тековна состојба на субјектот од Централен регистар не постара од шест месец, информација за начинот на кој се финансриале во изминатите три години, генерален спонзор, повеќе спонзори, финансирање п опат на наплатување на тренажен процес – чланарина.

Исто така, треба да бидат наведени и информации за тоа каде субјектите ги вршат тренажните процеси и натпреварувачки процеси и услови под кои се користат, како наем на сала, доделена сала на користење од општина Штип, објект во сопственост на субјетот за кој редовно плаќа режиски трошоци за изминатите три години.

Потоа доколку спортските субјекти се натпреваруваат во своите лиги организирани од соодвена федерација, да се достат информации за степенот на натпреварување, како и евентуално учество во натпревари од меѓународен карактер.

Информации за пионерско-младински школи, доколку ги имаат организирано да додат нивна програма за тековната година, и да се нагласат резултатите во изминатите три сезони со доказен материја од соодветните спортски федерации и државни спортски институции.

Рокот за пријавување е седум дена од денот на објавување односно трае до 28 јануари, а потребната документација за учество на повикот се доставува по пошта до општина Штип.

Постапката за доделување материјална помош на спортски клубови, спортски здруженија, спортски институции и доделување на материјална поддршка за организација на спортски манифестации ја спроведува Комисијата за доделување материјална помош на спортски клубови, спортски здруженија, спортски институции и поддршка на спортски манифестации согласно одредбите на горе наведениот правилник.

Повеќе информации на самиот јавен повик.

Александар Ванев, М-Нет