
Трет петок празни тезги и слаб промет на пазарот во Штип, и денеска сликата иста. Мал број продавачи, уште помал број купувачи. И оние што излегоа на пазар купуваа ситно – најчесто мандарини, компири и малку зелена салата. Купувањето е сведено на најосновното. Поради долгиот месец, граѓаните велат дека внимаваат на секој потрошен денар.
Продавачите велат цените се идентични како и претходниот петок, а единствено зголемување на цената има кај краставицата, истата во моментот е 200 денари за килограм, што е очекувано за овој период од годината.
И оние што денес излегоа да пазарат, најмногу бараа компири, зелка, мандарини и јаболка. Се продаваше и домашно млеко, јајца, волнени чорапи и многу домашни чаеви, корисни за настинки и грип.
Иван Митев, М-Нет