Младиот каратист Марко Џорлев од Штип подговен за Европското првенство во Лимасол

Младиот штипски каратист Марко Џорлев е подготвен за нов предизвик – настап на Европското првенство кое ќе се одржува во Лимасол, Кипар. Како што вели 14-годишното момче кое е многу успешно во овој спорт за М Нет телевизија, поминал низ успешни подготовки.

„Јас сега се спремам за претстојното Европското карате првенство за кадети, јуниори и помлади сениори до 21 година кое ќе се одржи во Лимасол, Кипар од 6 до 8 февруари. Ние патуваме веќе на 3 февруари и таму ќе биде до 9 февруари. Подготовките и тренизните се многу интензивни истите со време ги започнавме, всушност ние никогаш не правиме пауза, но кога не’ очекуваат вакви големи натпреварувања ние правиме многу интензивни тренинзи, многу јаки тренинзи и јас се чувствувам доста спремен и сметам дека ќе има добри борби, па зошто да не и медал“, вели Џорлев.

На Европското првенство во Кипар учествуваат само најдобрите од секој држава, што само по себе потврдува дека Џорлев го очекува силна конкуренција, вели дека има позитивна трема, но страв нема, бидејќи веќе има искуство со настапи на големи натпреварувања.

„Секако мала позитивна трема има бидејќи морам да напоменам е Европско првенство на кое учествуваат само најдобрите од секоја држава ќе има по 32-ца во секоја категорија, но учествува само најдобриот од секоја држава. Има позитивна трема, но страв немам бидејќи како што кажавте имам на младински лиги и на многу големи турнири и сметам дека сум доста подготвен и нема зошто да имам страв“, дополнува Џорлев.

Младиот каратист кој зад себе има веќе големи успеси истакна дека доста од противниците тој ги знае и ги анализира.

„На оваа Европско првенство учествува кремот на каратето од Европа, доста од противниците јас ги знам, учествувале на големи турнири на светските лиги каде што јас сум учествувал. Јас ги следам, има натпреварувачи имаат навистина големи достигнувања, но дома ги следам, правам анализи, гледам каде имаат слаби страни, каде можам тоа да го искористам и се подготвувам на тоа“, ни изјави Џорлев.

Покрај Џорлев од карате клубот Штип како дел од македонската карате репрезентација ќе земаат учество уште неколку каратисти, кои исто така подготвени одат по освојување на медали.

„На Европското првенство од мојот клуб карате клубот штип ќе учествуваат седум натпреварувачи како дел од македонската репрезентација. Тоа сум јас како кадет, Џем Пашов, Драгана Ефтимовска, Душица Бреслиева и Мила Штериева во различни јуниорки категории и Љупче Михајлов и Мила Панчева во помлади сениори до 21 година“, дополни Џорлев.

Европското карате првенство за кадети, јуниори и помлади сениори до 21 година ќе се одржи во Лимасол, Кипар во период од 6 до 8 февруари.

Александар Ванев, М-Нет