
Сите патни правци се проодни и покрај снежните врнежи од утрово, информираат од Македонија пат. Најмногу снег има на пониските делови на земјава, особено на правците од Штип кон Преод, како и кај Три Чешми кон Велес, додека на повисоките места врнежите се послаби. Надлежните уверуваат дека механизацијата е на терен и дека засега нема воведено забрани ниту ограничувања за сообраќај. Сепак, останува препораката возење во зимски услови.
,,Моментално сите патни правци се проодни, сите возила што ги имаме на располагање се на терен. Немаме забрани, немаме ограничувања. Останува препораката возење во зимски услови, со зимски гуми и зимска опрема. Сега за сега, задолжителна зимска опрема немаме за никаде. Значи немаме алармантни патни правци. Патните правци што се на понискиот дел како што е автопатот Штип према Преод, према Кадрифаково, Три чешми према Велес, повеќе имаме снжни врнежи, отколку на повисоките места и струмичкиот дел.“, рече Цоневски
Надлежните велат дека патиштата се чистат и се посолуваат навреме, така што сообраќајот тече непречено. Велат дека имаат доволно опрема, а се порачува и дополнително.
,,Значи таму се поинтензивни снежните врнежи, меѓутоа интервенирано е навреме, исчистено, посеолено и се чистат остатоците од снегот уште. Имаме доволно количини на опрема, порачано е дополна, така да немаме проблем со интензивните материјали.“, додава Цоневски
Инаку, соопштенија од утрово пристигнуваат и од авто мото сојузот на Македонија.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Иван Митев, М-Нет