
ФК Пелистер официјално го промовираше Филип Петровиќ како ново засилување во зелено-белиот табор, во пресрет на продолжението од сезоната.
Петровиќ е фудбалер од Србија, кој во досегашната кариера настапувал во неколку српски клубови и стекнал значајно натпреварувачко искуство. Тој ги носеше дресовите на Динамо Југ Врање, Радник Сурдулица и Земун, настапувајќи во различни нивоа на српскиот фудбал.
Новото засилување веќе му се приклучи на тимот на Пелистер на подготвителниот камп во Анталија, каде битолчани ги реализираат зимските подготовки. Очекувањата се Петровиќ да донесе дополнителна стабилност и конкуренција во тимот, а тренерскиот штаб ќе има можност да го воигрува уште од првите контролни средби.
Пелистер во Анталија го очекува и првиот пријателски натпревар, во кој за противник ќе ја има екипата на Спартак Суботица. Овој натпревар ќе послужи како прва проверка на формата и новите кадровски решенија во составот на зелено-белите.
Со ангажманот на Филип Петровиќ, Пелистер продолжува со зајакнување на ростерот и градење конкурентен тим за предизвиците што следуваат во вториот дел од сезоната.