
Фудбалерите на ФК Беласица официјално ги започнаа подготовките за втората полусезона, со што беше означен стартот на зимскиот подготвителен период во Струмица.
На првата прозивка, одржана под водство на шефот на стручниот штаб Стојанов, се појавија сите фудбалери од сениорскиот состав, а дел од тренинг-процесот беа и неколку млади играчи од младинскиот погон, кои ќе добијат можност да се докажат и да конкурираат за место во првиот тим.
Од клубот најавуваат дека во наредните денови ќе следуваат и официјални промоции на неколку нови играчи, кои треба да донесат дополнителна свежина и поголема конкуренција во ростерот за пролетниот дел од шампионатот.
Целите на Беласица остануваат непроменети – борба за освојување на едно од местата кои водат во Првата лига и успешен настап во продолжението од сезоната.