Брегалница со прво зимско засилување: Бојан Рајков во „синиот“ дрес

Второлигашот Брегалница денес го претстави првото зимско засилување, станува збор за Бојан Рајков, кој во редовите на „сините“ доаѓа од редовите на прволигашот Силекс.

Рајков е повратник во редовите на Брегалница, а ги покрива сите дефанзивни позиции.

Во својата кариера покрај за Силекс и Брегалница, има настапувано и за Кит Го од Пехчево и за Вардар Форино.

Александар Ванев, М-Нет