Димитриеска-Кочоска: Системот е – фактура ќе овозможи поефикасна наплата на даноците

Поефикасна наплата на даноците и посилна борба против сивата економија треба да овозможи системот е-фактура, што почна да се имплементира во пилот фаза. Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска рече дека станува збор за важна реформа што носи повеќе транспарентност, правичност и стабилност за македонската економија и е сериозен чекор во борбата против сивата економија.

„Со тоа го намалуваме административниот товар и го поедноставуваме работењето на фирмите. Дигитализацијата и ослободувањето од бројни административни обврски ќе им овозможат на компаниите своите ресурси да ги насочат кон клучните аспекти на нивниот развој и раст. Со Е-фактурата ја правиме економијата пофер, потранспарентна и поотворена за инвестиции, а конкуренцијата ја подигнуваме на повисоко ниво. На овој начин обезбедуваме фер услови за работа и основа за одржлив економски раст, кој директно придонесува за подобрување на животниот стандард на граѓаните. Од друга страна, за државата, Е-фактурата ќе овозможи поефикасна наплата на даноците, заснована на точни и реални податоци, како и поцврста и попрецизна борба против сивата економија.”– рече Кочоска

Со електронските факутри ќе се добие подобрена даночна усогласеност и навремен пристап, рече и директорката на управата за јавни приходни Елена Петрова, која потенцираше дека управата ќе обезбеди силна подршка за компаниите за да се овозможи навремена адаптација кон новиот начин на работење.

,,УЈП и понатаму ќе обезбеди силна и континуирана поддршка за компаниите за да овозможиме анвремена и успшна адаптација кон новиот начин на работење. Пообрена даночна усогласеност со електронските фактури добиваме навремен пристап.”, рече Петрова

Инаку, УЈП преку своите тимови за поддршка постепено ќе ги контактира и ќе им дава непосредна помош на сите компании кои се очекува да бидат вклучени во оваа фаза.

Иван Митев, М-Нет