
Ракометна Федерација на Македонија ја изрази целосната поддршка за националниот тим пред Европското првенство 2026, кое ќе се одржи од 15 јануари до 2 февруари во Данска, Шведска и Норвешка.
„Со нашиот тим не го поврзува само дресот, туку и заедничката љубов кон ракометот и Македонија“, истакнува федерацијата. Играњето за репрезентацијата е чест, но и огромна одговорност, а ракометарите се охрабруваат да настапат со мирна глава, силна мотивација и максимална посветеност.
Континуитетот на настапите на големите натпреварувања е доказ за сериозна работа, истрајност и „македонско срце“.
Во соработка со Министерството за спорт, федерацијата обезбедува премија од 2 милиони денари за секоја победа, како и дополнителни 2 милиони денари за пласман во втората фаза на ЕП.
„Играјте храбро и со срце – Македонија е со вас“, порачуваат од Ракометната федерација.
