
Пред точно 45 години во месец декември започнала борачката кариера на Трајче Димков, вели дека привилегија е да се биде борач, а пред камерите на М Нет телевизија се присетува на неговите почетоци во овој спорт како дете, неговите успеси, но и создавањето на млади борачи.
„Огромна е честа и привилегијата да се биде борач, барем зборувам во Штип и Македонија, затоа што навремето кога јас почнував како дете, немаш дете да не се натпреварува, немаше дете машко да не влезе во боречкиот клуб Балканец. И ние неизбежно беше да пробаме. Почетоците се врзани и со мојот татко кој на некој начин и тој бил борач. Меѓутоа, тука има една приказна која е апсолвирана во јавноста, првиот човек, првиот учител во Штип, Ристо Таков е наш роднина кој всушност го воведува во борењето заедно со Ристе лично ги демонстрира првите техники во борење. Од тука фамилијарна приказна дека има борење дека има човек кој таму работи и дека ние е многу близок ме привлечи и мене да понатаму се вклучам во борењето. Јас оваа година всушност славам јубилеј од 45 години. Почнав токму оваа време во 1980 година и на 22 декември имаше едно првенство во Скопје каде што го освоив второто место тогаш на ниво на Југославија.“
Следната година Димков зема учество на камп за борење и така започнува професинаолно со овој спорт.
„Образовниот процес ме одведе до факултетот за физичка култура каде што ме надгради како личност ми го трасираше патот, да бидам и тренер и на Балканец и на репрезентацијата и до ден денес да се движам. Еве сега после толку време да се вратам некако во боречкиот клуб Киро Ристов и зошто го викаме Киро Ристов, затоа што тој беше мој личен тренер еден од моите тренери покрај многу други тренери кои биле со мене, затоа што јас сакав да му се оддолжам на него, на некој начин бидејќи тој ми го трасираше мојот пат ми кажа како да се движам, ми помогна на некој начин и чувствувам обврска да го продолжам да речам тој негов пат кој мене ми го даде. Имав среќа да бидам дел и од европската приказна на Радовиш, оваа година славиме 30 годишен јубилеј чувството е фантастично, да бидеш спомнат после 30 години, да бидеш дел од тој тим, кога тогаш се создаваше можеби највисокиот клупски резултат во државата. Бидејќи и Балканец има неколку вицешампионски титули е доста успешен во тој дел во екипниот план и поединечни спортисти.“
Димков се присетува на неговиот пат по кој се движел во кариерата, дополнува и за плеадата млади таленти кои ги наоѓа и ги создава во успешни борачи.
„Меѓутоа јас имав среќа да бидам одбран тогаш од Бучим бидејќи две години настапував за нив. Имав настапи во еден период и во Словенија, се натпреварував и за Струмица, така да мојот пат е малку различен и динамичен, меѓутоа можеби и таа среќа да бидам секаде по малку во тогашно време низ цела Југославија ме создаде таков каков личност еве да создадам борачи кои денес се се’ уште активни, би сакал да го спомнам и Дејан Богданов како претседател на федерацијата, Дејан Митров, Бобан Данов, Виктор Богданов, Мики Тодоров, Кире Нисев, Стојанче Данилов, Даниел Илиев огромна бројка на деца, ќе ми простат ќе се најдат некои не спомнати, сегашната генерација на борачи кои ја водат федерацијата, кои го водат Балканец се борачи кои буквално јас ги создадов од многу мали ги открив ги најдов во училиштата и ги донесов во Балканец еве сега тие го продолжуваат мојот пат понатаму каде што јас застанав во Балканец“, изјави Трајче Димков за телевизија М Нет.
Во Радовиш беше поставена биста споменик по повод 30 години од европската титула на боречкиот клуб Бучим од Радовиш, спомени кои будат силни емоции кај Димков.
„Да ви кажам искрено многу емотивно го прифатив затоа што кога ги видов сите тие луѓе кои се таму, а се знам какви бевме, пораснати, отежнати, меѓутоа има моменти кои многу така ме натажија, а тоа е да дел од нашите борачи не беа таму. Значи после 30 години тие биле, направиле резултат, заминаа од овој свет, меѓутоа на некој начин Ванчо Чифлиганец, Радовиш знаеше да им се оддолжи и тоа е за нас можеби најголемата сатисфакција покрај сето друго се случи да бидеме овековечани во Радовиш и во македонскиот спорт“, рече Димков за М Нет. и мислам дека тоа е еден од начините да ги мотивираме следните генерации како понатаму во животот“, рече Димков за М Нет.
Како што вели Димков ова е еден од начините да се мотивираат следните генерациите, да се насочат кон спортот и да бидат успешни следејќи пример од успешното минатото.
Александар Ванев, М-Нет